Како се користи Мока? Лесен начин да направите добро кафе!

Како се користи Мока? Лесен начин да направите добро кафе!

Ако сте љубител на еспресо кафе, можете да го направите и во домашни услови! Еве како да направите кафе слично на еспресо направено со професионални машини.

 

Што е потребно?

 

Што е Мока?

Мока е триделен уред за правење кафе, којшто го поседува речиси секое домаќинство во Италија, а кое сé почесто се појавува и на нашиот пазар.

Цената на моката зависи од брендот (производителот), квалитетот на материјалот потребен за изработка на овој уред, капацитетот на еспреса (т.е. дали е за 3, 4, 6 еспреса) и слично. Најпознат е италијанскиот бренд G.A.T.

Моката станува се попопуларен уред за правење на кафе, лесно пренослив и овозможува квалитетна екстракција на кафе, без скапа опрема.

 

Како се користи Мока?

  1. Меленото епсресо кафе коешто се користи за Мока, е по гранулација малку покрупно мелено, како би можел притисокот полесно да ја турка водата низ кафето.

 

  1. Наполнете го долниот дел од моката, во кој се наоѓа вентилот, со ладна вода, така што водата да биде под нивото на вентилот (Водата не смее да го премине вентилот!).

 

  1. Ставете го меленото еспресо кафе во ситото, коешто е во облик на инка, така што ќе го наполните до врв, доколку сакате послабо еспресо кафе ставете помалку кафе. Откога ќе го ставите ситото над делот за вода, ставете го гориот дел од моката и добро завртете.

 

 

  1. Моката ставете ја на шпорет или плинско, на средна температура.

 

  1. Кога водата во долниот дел ќе почне да врие, притисокот полека ќе го турне кафето во горниот дел. Ако кафето истече брзо, тоа значи дека водата е премногу жешка, ако се вари пребавно, зголеметe ја температурата.

 

  1. Внимание! Не го отварајте капакот на моката додека врие кафето!

 

Кога ќе го слушнете карактеристичниот звук на вриење, тогаш Вашето кафе е подготвено.

Уживајте!

Види ги нашите најпродавани производи!

25 ден
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
35 ден
Кошница